Брендовите Silka и Ytong

 

Блоковите Silka се со бела боја и се состојат од вар, песок и вода, а блоковите Ytong во себе содржат и цементна сврзувачка материја.


Калциум силикатните блокови – SILKA имаат многу долга историја на употреба во светот, уште од 1881. година, меѓутоа овој вид градежен материјал во нашата земја почнал да се произведува и продава од 2007. година.


Извонредни карактеристики на блоковите и тулите Silka се високата способност за одржување на топлината, големата носечка способност и изолација од врева.

Што се однесува до порозните бетонски блокови, почнале да се произведуваат пред 80 години во Јужна Шведска во време кога суровините беа дефицитарни,и во тоа време се произведуваа под име ’’Yxhult Anghaerdade Gasbetong’’, меѓутоа, подоцна името на брендот е сменето во Ytong, а тоа е веќе познато во целиот свет.